Оружје и дрога пронајдени кај 29-годишен тетовец | Правдико

Правдико

   

Оружје и дрога пронајдени кај 29-годишен тетовец

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дваесет и деветгодишен тетовец кој управувал мотоцикл вчера почнал да бега откако му пристапиле полицајци на тетовската улица „Видое Смилевски – Бато“.

При бегството, мотоциклистот фрлил пиштол „бровинг“ калибар 7,65 милиметри со рамка со четири куршуми, што ги поседувал без дозвола. Набргу, потоа тој бил фатен и уапсен, а при преглед на мотоциклот, под седиштето бил пронајден и нож.

Врз основа на судска наредба, подоцна бил извршен претрес во неговиот дом при што биле пронајдени две дигитални ваги, хероин и хашиш. Пронајдените предмети биле одземени и предадени на вештачење, додека, пак, 29-годишникот бил задржан во тетовската полициска станица.

По целосно докуменитрање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико