Оружјето најдено кај Амри во Италија е истото од кое е пукано во Берлин | Правдико

Правдико

   

Оружјето најдено кај Амри во Италија е истото од кое е пукано во Берлин

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Оружјето коешто во Милано го користел 24-годишниот Тунижанец Анис Амри, кога беше застрелан во престрелка со италијанската полиција при рутинска контрола, е истото со коешто е убиен полскиот возач чиј камион неколку часа подоцна е употребен вечерта на 19-ти декември за нападот на божикниот базар во Берлин, извести во средата италијанската полиција.

uccisione-amri-milano

Иследниците до овој заклучок дошле споредувајќи ги чаурите од куршумите истрелани во Берлин и во Сесто Сан Џовани, северното предградие на Милано, каде што Анис Амри на 23-ти декември рани полицаец пред да биде убиен, се вели соопштението на италијанската полиција кое го пренесува AFP.

Со балистичкото споредување заклучено е дека Амри минал дел од Европа, од Германија преку Холандија и Франција до Италија, со истото оружје. По нападот со камион во кој уби 12 луѓе а повреди уште 48, успеал да ја мине германската граница, со автобус повеќе од 15 часови патувал од Амстердам до Лион, а потоа со воз до Милано.

Со сигурност е утврдено дека истото оружје е користено и за убиството на полскиот возач на камионот 37-годишниот Лукаш Урбан, кој превезувал метални конструкции од Италија за Полска. Неговото тело беше најдено во кабината на шлеперот, со повреди од нож и од огнено оружје.

Експертите од Италија, кои се во постојан контакт со германските колеги иследници, сега настојуваат да откријат дали истото оружје е користено и во други злосторства.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико