Оштетени 6 службени возила на УЈП во Битола | Правдико

Правдико

   

Оштетени 6 службени возила на УЈП во Битола

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ujp-inspekcija-maja-janevska4Вчера/25 јануари 2015 година, во Битола, од засега непознати сторители вандализирани се 6 службени возила на УЈП – Регинална дирекција Битола. Од страна на СВР Битола направен е увид на лице место при што е констатирано дека со остар предмет се оштетени 15 гуми на службените возилата паркирани пред зградата на УЈП Битола. Се преземаат опсежни мерки за откривање на сторителите.

Се претпоставува дека ова е реакција на несовесни граѓани на редовните заеднички инспекциски контроли на УЈП, МВР и Државниот Пазарен Инспекторат кои викендов се спроведоа на подрачјето на Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод.

Ова е втор инцидент оваа година, по случајот од Охрид каде, исто така, непознати сторители оштетија службено возило на УЈП (види соопштение Охриѓани во пресметка со возило на УЈП, 16.01.2015)
Управата за јавни приходи уште еднаш им порачува на локалните бизниси и несовесните граѓани, дека уништувањето на службените возила на УЈП или примената на други насилни методи, нема да го спречат нормалното функционирање на УЈП, ниту контролите. Напротив, ваквото однесување само остава простор за поголемо сомнение дека во конкретното место, општина, реон…работат бизниси кои избегнуваат да платат данок, поради што контролите во наредниот период ќе бидат засилени.

Извор: УЈП

Препорачуваме

Партнери на Правдико