Оштетени голем дел од автобуските постојки во Битола
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во само неколку дена, засега непознати сторители, оштетиле голем број од автобуските стојалишта во Битола, информираат локалните власти.
„Искршени или оштетени се објектите на стојалиштата, кои претходно целосно беа реконструкирани и исчистени од страна на Општина Битола“, се наведува во соопштението.
Во соопштението властите упатуваат апел да не се уништуваат јавните добра бидејќи постојките се наменти за олеснување на транспортот на сите патници, кои при дожд и ветер имаат каде да се засолнат чекајќи ги автобусите.
Извор: Макфакс