Ослободен обвинетиот за кражбата на бабата милионерка во Битола | Правдико

Правдико

   

Ослободен обвинетиот за кражбата на бабата милионерка во Битола

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

EF04538DC530064B94477AEBA27A4D61Ослободителна пресуда вчера попладне донесе Основниот суд во Битола за Славе Даскаловски Чупето, кој беше обвинет дека пред три години учествувал во грабежот на 100 000 евра од под перница на бабата милионерка во Битола. Судот соопшти дека нема докази кои укажуваат оти Даскловски бил вмешан во овој криминален настан.

Претходно за истиот случај тој беше осуден на десет годишна затворска казна, иако во својата одбрана тврдеше дека е невин и дека за време на кражбата го средувал паркот пред зградата за што имал очевидци.

– Многу сме задоволни од пресудата. Беше неправедно обвинет, се вршеја разни притисоци од повеќе страни, сега се докажа дека тој не беше вмешан во кражбата- изјави неговиот брат Иван Даскаловски.

Судската постапка трае веќе три години. На ослободителната пресуда и претходеше одлука на Врховен суд со која од предметот се отстрани записникот во кој бабата го препознава Даскаловски, како невалиден доказ зашто препознавањето било направено без присуство на бранител на осомничениот.

– Судот донесе ослободителна пресуда за едно од најтешките кривични дела и сметам дека постапи правилно зашто децидно ги изанализира сите докази за на крајот да констатира дека за овој кривично-правен настан нема доволно докази дека обвинетиот е сторител на ова кривично дело- изјави адвокатот Васко Ѓоргиев.

Бабата Марија Лукаровска во февруаеи 2011 година била ограбена во нејзиниот стан од тројца разбојници. Тие и заѕвониле на вратата и и рекле дека треба да и достават сметка за канализација.

Старицата им отворила, а тие ја истуркале на каучот во дневната соба и и ставиле крпа во устата. Од плакарот со постелнина во спалната соба ја зеле заштеда на старицата од германска пензија и исплата на заробени девизи. Лукаровска и нејзиниот сопруг, кој починал пред неколку години, долго време работеле во Германија и земале германска пензија. Но парите ги чувала дома од страв повторно да не и ги зароби банката.

Извор: Дневник

Препорачуваме

Партнери на Правдико