Ослободен по децении во затвор, чекајќи смртна казна
© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Форд, кој е црнец, бил осуден во 1983-та со порота составена само од белци, за убиство на Исадор Роземан, златар од Шревепорт.

Судијата во градот Шревепорт одлучи 64-годишниот Форд да биде ослободен откако самото обвинителство побара од судот да ја укине пресудата за убиство од прв степен и смртната казна.
Форд, кој е црнец, бил осуден во 1983-та со порота составена само од белци, за убиство на Исадор Роземан, златар од Шревепорт. Форд повремено работел како градинар за Роземан. Адвокатите на Форд велат дека новите докази покажуваат дека тој не бил присутен кога Роземан бил убиен.
Излегувајќи од затворот, Форд вчера кажа дека се чувствува прекрасно што е на слобода. Запрашан дали е огорчен поради тоа што неправедно бил осуден, Форд одговори: „Да, затоа што бев затворен речиси 30 години за нешто што не го сторив“.