Ослободена од обвинение велешанката Пале, која со нож го усмрти својот партнер | Правдико

Правдико

   

Ослободена од обвинение велешанката Пале, која со нож го усмрти својот партнер

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судот ја ослободи од обвинеиние велешанката Павлинка (Пале) Иловска, која лани со нож го усмрти својот насилен партнер, полицаец од Велес. Таа одговара за кривично дело убиство во миг.

„Обвинетата Павлинка Иловска се ослободува од обвинение“, рече судијката.

Судијката рече дека Пале се бранела од сега покојниот. Од ДНК под ноктите на покојниот полицаец се утврдило дека тој навистина ја давел, посочи судијката. Била влечена за облеката, удирана по нозете и рацете, но и по главата.

„Во согласност со Кривичниот законик, нужна е одбраната, која е неопходна. Нападот и одбраната се неопходни елементи. Тој ја влечел, клоцал, ја стегнал околу вратот, неоспорно се утврди од записникот за увид, по самиот увид на настанот, кај обвинетата имало телесни повреди, изразени на главата, ногата и на вратот. Натаму, на овој доказ се надоврзува телесниот преглед на обвинетата“, рече судијката.

Неоспорно се утврдило дека нападот од покојниот бил вистински и траел, а обвинетата Пале била во животозагрозувачка состојба, потврдил и психијатрискиот наод.

„Правната доктрина дозволува нападнатиот да се брани“, додаде судијката.

Постоела несразмерност на физичката градба и конституција меѓу Пале и покојниот полицаец, притоа тој бил од надмена позиција, се додава во психијатрискиот наод.

„Со исказот на обвинетата и од психијатрискиот наод се утврди дека од тоа што покојниот силно ја стегал за вратот, губела здив, па дејствата биле насочени кон одбрана од сега покојниот. Судот утврди дека одбраната била сразмерна и пропорционална“, додаде судијката.

Како точни биле и наводите на обвинетата, која објаснувала, а судијката посочи: „Тој ѝ велел дека е курва и недомаќинка. Обвинетата влегла во спалната да спие, тој влегол и ја фатил за вратот, ја влечел, ја мавал со клоци и боксови, ја фатил за вратат и ја давел, ја влечел од кујната, а таа му рекла: „Немој ќе ме убиеш“, тој продолжил и ја душел и таа го зела ножот што се наоѓал на кујнската маса“.

Пале се обидела и да го спаси нејзиниот партнер со кого живеела. Му дала прва помош, се јавила во брзата помош, ги слушала напатствијата.

„Тоа што е сторено во нужна одбрана не е кривично дело“, додаде судијката.

Случајот на Пале Илиовска предизвика лавина реакции во јавноста кога се дозна дека таа неколкупати го пријавувала партнерот за малтретирање, но тој не бил гонет. Во постапката Пале докажуваше дека таа го убила со убод од нож додека тој ја давел и дека делото го направила во самоодбрана.

Илиовска на вчерашното рочиште рече дека не се чувствува виновна. Обвинителката, пак, посочи олеснителни околности, кои се причина за полесна казна. Таа издржуваше куќен притвор.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико