Ослободени 1.800 заробеници на Боко харам во Нигерија | Правдико

Правдико

   

Ослободени 1.800 заробеници на Боко харам во Нигерија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Нигериската војска ослободила 1.800 цивили од екстремистичката група Боко харам и заробила повеќе од 500 припадници на групата во изминатата седмица во шумата Самбиса, упориште на екстремистите од североистокот на земјата, соопшти висок воен претставник.

boko_haram

Војската спроведува операции во шумата Самбиса која се простира на повеќе од 1.300 квадратни километри во државата Борно, каде борци на групата побегнале по воените порази.

– Во операции во период од 14 до 21 декември, вкупно 1.880 цивили се спасени од енклавите на Боко харам – соопшти генерал Лео Ирабор по прес-конференцијата во главниот град на државата Борно, Мајдугуриј.

Тој рече дека продолжуваат операциите во рамки на кампањата што војската ја поведе минатата година за да ги протера екстремистите од овие области.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико