Ослободени 54 лица од талибански затвор во Авганистан
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Од талибански затвор во јужен Авганистан, во провинцијата Хелман денеска се ослободени 54 припадници на силите за безбедност и цивили.
Портпаролот на гувернерот на провинцијата, Омар Звак, изјави дека заробениците биле ослободени кога специјалната единица синоќа влегла во затворот, во дистриктор Муса Кала.
Звак истакна дека претходно биле заробени 32 цивили, 16 полицајци, 4 војници и двајца воени лекари.
Извор: Макфакс