Oслободeни петтемина Срби што ги приведе косовската полиција | Правдико

Правдико

   

Oслободeни петтемина Срби што ги приведе косовската полиција

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Косовската полиција ги ослободи петтемина Срби што утрото беа уапсени во општината Гнилане под сомнение дека сториле дело против безбедноста на Косово. Според косовската телевизија КТВ, Србите биле пуштени на слобода по дадените изјави во полицијата. Веста за КТВ ја потврди и јавниот обвинител на Гнилане, Јетош Малоку.

Истиот извор наведува дека ослободувањето дојде по острата реакција на Белград, кој се закани дека ако Србите што се уапсени во Косово не бидат ослободени, тогаш Србија веднаш ќе ги прекине преговорите со Косово.

Приштинскиот весник „Експрес“ пренесува дека Специјалните полициски сили на Косово ја реализирале акцијата во селото Горно Куфце кај Гнилане во моментот кога со неколку Срби бил и припадникот на срспката војска Ненад Стојановиќ, кој правел обиди Србите во Безбадносните сили на Косово да го напуштат БСК.

Весникот „Зери“ информира дека директорот за Косово при српската влада, Марко Ѓуриќ, ја пренел заканата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека ако веднаш не се ослободат уапсените, се прекинуваат долгорочно преговорите на Белград со Приштина.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико