Правдико

   

Ослободени се сите десетмина приведени по саботниот напад во Лондон

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Британската полиција соопшти синоќа дека се ослободени и преостанатите десет лица што беа приведени по терористичкиот напад во Лондон.

– Сите што беа уапсени во неделата, на 4 јуни, во рамките на истрагата се сега ослободени без поднесување обвиниение – соопшти лондонската полиција.

По нападот што се случи во саботата вечерта, беа приведени 12 лица.

Прво беа ослободени еден маж и една жена, а сега и преостанатите десетмина.

Седум лица се убиени, додека 50 се хоспитализирани откако тројца екстремисти влетаа со комби во пешаци на Лондонскиот мост, а потоа ги нападнаа лицата со ножеви.

Лондонската полиција ги уби тројцата напаѓачи.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико