Oсмани: Фер и натпреварувачка изборна атмосфера ќе ја реафирмира нашата зрелост
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со делегација од Секретаријатот за европски прашања, оствари работна средба со претставниците на Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, предводена од директорот Зоран Трајчевски.
„Работата на медиумите и заштитата на слободата на јавното изразување претставуваат важни области каде што сè уште ни е потребен напредок за да ги задоволиме европските стандарди и да создадеме капацитет за справување со современите предизвици на лажните вести, ширењето на говорот на омраза итн.“, истакна Османи посочувајќи на важноста и за развојот на демократските капацитети на државата, но и важноста за исполнување на европските критериуми во периодот пред новиот извештај на Европската комисија.
„Имаме шанса во периодот што претстои да создадеме фер и компетитивна атмосфера, во која ќе се одржат претстојните претседателски избори, и со тоа да покажеме демократска и општествена зрелост, која ќе биде нотирана во извештајот на Европската комисија, а од чија содржина, пак, ќе зависи и конфирмацијата на одлуката на земјите членки на јунските самити, за почеток на преговорите со ЕУ оваа година“, истакна Османи посочувајќи на уверувањето што го добил од членовите на АВМУ, како и од директорот Трајчевски, за капацитетот, подготвеноста и одлучноста на Агенцијата да обезбедат фер и натпреварувачка атмосфера за време на кампањата.
Османи ја реафирмира и подготвеноста на Владата за соработка во насока на обезбедување на сите предуслови и обврски поврзани како со работата на Агенцијата така и воопшто врзани за областа на медиумите.
Средбата се реализира во рамките на институционалните посети на вицепремиерот Османи на институциите надлежни за спроведување на реформите што беа предвидени во планот 3-6-9 и планот 18, како и имплементацијата на другите обврски поврзани со европските интеграции на земјава.
Извор: Макфакс