Османи и Адеми негативни на Ковид-19
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за образование и наука, Арбер Адеми, се нeгативни на Ковид-19. Тие на своите профили на „Фејсбук“ објавија дека е негативен првиот тест којшто им беше направен.
„По една недела изолација, првиот тест за Ковид-19 е негативен. Врз основа на одлуката ми требаат уште седум дена за да останам во изолација, а потоа и вториот тест“, напиша вицепремиерот Османи.
Министерот Адеми, исто така информира дека е негативен и им се заблагодари на сите за поддршката и им посака брзо закрепнување на сите заболени.
„Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат препораките, да останат дома, да внимаваат на хигиената и да одржуваат меѓусебно растојание од два метра“, напиша Адеми.
Османи и Адеми заедно со премиерот Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко Филипче, беа во самоизолација откако имаа средба со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој е позитивен на вирусот.
Извор: Макфакс