Османи – Лајчак: Имаме високи очекувања од ЕУ и активно се подготвуваме за почетокот на преговорите
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се сретна со Мирослав Лајчак, посебен претставник на ЕУ за Западeн Балкан и дијалогот Белград – Приштина.
Во оваа пригода министерот Османи посочи дека Република Северна Македонија високо ја цени улогата што од страна на ЕУ му е доделена на амбасадорот Лајчак како посредник во разговорите помеѓу Србија и Косово, како и на други прашања во регионот.
„Како непосредни соседи на Косово и Србија, имаме особен интерес од успехот на дијалогот Приштина – Белград посредуван од ЕУ. Приближување на ставовите на двете страни и нормализацијата на односите меѓу двете земји ќе претставува огромен влог во стабилизацијата и европеизацијата на целиот регион“, посочи Османи
Тие разговараа и за европската перспектива на Северна Македонија, за добрососедските односи, регионалните иницијативи, како и за очекувањата во периодот што претстои.
„Имав исклучително успешна посета на Брисел на средби со високиот претставник на ЕУ, Борел, како и еврокомесарот за проширување, Вархељи. Во очекување сме на годишниот извештај од страна на Комисијата, како и на економскиот план за Западен Балкан, кој го најави еврокомесарот Вархељи. Дома сме посветени на реформите, со акцент на владеењето на правото, како и на финализација на сите политички и административно-технички подготовки за почетокот на преговорите до крајот на годината“, истакна Османи упатувајќи уверување до посебниот претставник Лајчак дека земјата ќе биде навремено подготвена за одржување на првата меѓувладина конференција и почетокот на преговорите со ЕУ.
Соговорниците се согласија дека одржувањето на првата меѓувладина конференција Македонија – ЕУ до крајот на годината е важна не само Северна Македонија, туку и заради пораката што ќе се испрати до целиот регион. Тоа ќе претставува потврда дека политиката на проширување на ЕУ продолжува, но и дека вистинското инвестирање во реформите и во добрососедските односи значат и сигурен влог во подобра иднина за граѓаните.
Извор: Макфакс