Основачот на Либерланд ги повикува сириските бегалци но само под еден скап услов
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Основачот на новата микронација на Балканот ги повика илјадниците очајни сириски бегалци да дојдат во новата “утописки” држава – под услов да платат 10,000 долари.
Чешкиот политичар Вит Једлик (32), во април беше прогласен за претседател на Република Либерланд, која претставува дел од спорната територија на брегот на Дунав, помеѓу Србија и Хрватска.
Тој тврди дека оттогаш примил околу 380.000 барања на луѓе кои сакаат да станат државјани на земјата која се простира на седум километри квадратни, и има намера да го претвори во даночнен рај “како Монако и Лихтенштајн.”
Според него, барања пристигнуваат постојано. Меѓу илјадниците заинтересирани да се приклучат на новата нација, дури 20.000 се од Сирија, изјави тој во телефонското интервју за сајтот MailOnline.
Основачот на Либерланд кажува дека секој може да стане граѓанин на Либерланд, под услов да не е религиозен екстремист, член на нацистичката или комунистичка партија или кривично осудуван.
“Претседателот” изјави дека на бегалците им посакува “многу добредојде” ако си платат. Досега тие добиле 22.000 барања од Сирија, а Једлик вели дека идните граѓаните “мора да ја делат нашата идеологија на слободата”.