Основање и упис на ДОО/ДООЕЛ
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Друштво со ограничена одговност (ДОО) е трговско друштво во коешто едни или повеќе физички и правни лица учествуваат со по еден влог во однапред договорена основна главнина на друштвото.Основањето се врши со договор за друштвото што го склучуваат сите основачи. Доколку друштвото го основа едно лице (ДООЕЛ), договорот за друштвото се заменува со изјава на основачот за основање на друштвото со ограничена одговорност.
Потписите на основачите на договорот за друштвото, односно потписот на основачот на изјавата за основање на друштвото се заверуваат кај нотар.
Основачите го склучуваат договорот за друштвото лично или преку полномошник, кој мора да има полномошно заверено кај нотар. Полномошно не е потребно ако застапникот на основачот врз основа на закон е овластен за него да го склучи договорот за друштвото, односно да даде изјава за основање на друштвото.
Што треба да содржи договорот за друштвото?
Договорот за друштвото, односно изјавата за основање на друштвото мора да ги содржи:
1) името и презимето, ЕМБГ, бројот на пасошот, односно бројот на личната карта ако содружникот е странско физичко лице или на друга исправа за утврдување на идентитетот-важечка во неговата земја и неговото државјанство како и местото на живеење, односно фирмата, седиштето, ЕМБС, ако содружникот е правно лице;
2) фирмата и седиштето на друштвото;
3) предметот на работење на друштвото;
4) времетраењето на друштвото;
5) износот на основната главнина и износот на влогот на секој содружник одделно, а ако влогот е непаричен-подробен опис и назначување на неговата вредност;
6) начинот и времето на уплата на паричните влогови што не се уплатуваат во целост;
7) името и презимето, ЕМБГ на управителот, односно управителите (во натамошниот текст: управител), бројот на пасошот, односно бројот на личната карта за странско физичко лице или на друга исправа за утврдување на идентитетот-важечка во неговата земја и неговото државјанство како и местото на живеење;
8) застапувањето на друштвото;
9) правата и обврските што содружниците ги имаат спрема друштвото, покрај уплата на своите влогови, како и правата и обврските коишто ги има друштвото спрема основачите;
10) начинот и мерилата на распределба на добивката и начинот на покривање на загубата;
11) управувањето на друштвото и
12) престанување на друштвото.
Основната главнина не може да биде помала од 5.000 ЕВРА во денарска противвредност, според средниот курс на таа валута којшто е објавен од Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата, освен ако основачите не се договориле тоа да биде денот на потпишувањето на договорот за друштвото, односно на изјавата за основање на друштвото. Износот на основната главнина мора да биде изразен со цел број којшто е делив со бројот сто.
Влоговите кои ги внесуваат содружниците можат да бидат парични и непарични, така што Поединечниот влог не може да биде помал од 100 ЕВРА во денарска противвредност. Влогот мора да биде изразен со цел број кој е делив со бројот сто.
Основањето на друштвото се запишува во трговскиот регистар при Цетралниот регистар на Република Македонија.
Пријавата за упис на основањето на друштвото ја поднесува управителот, односно управителот овластен од другите управители ако друштвото има повеќе управители. Постапката за регистрација, односно поднесувањето на пријавата и прилозите за упис на основање може да се направи и преку Системот за е-регистрација од страна на регистрационен агент кој може да ви помогне во подготвување и потпишување на полномошно од страна на сите учесници во постапката (основачи/овластени лица за застапување/прокуристи) со кое се овластува регистрациониот агент да ги преземе сите дејствија за составување и поднесување на пријавата и прилозите кон пријавата за упис на основање на ДОО/ДООЕЛ во име на давателот на полномошното.
Податоци кои се запишуваат:
1) фирмата и седиштето на друштвото;
2) предметот на работењето на друштвото;
3) името и презимето, ЕМБГ, бројот на пасошот, односно бројот на личната карта ако содружникот е странско физичко лице или на друга исправа за утврдување на идентитетот-важечка во неговата земја и неговото државјанство, како и местото на живеење, односно фирмата, седиштето, МБС, ако содружникот е правно лице;
4) износот на основната главнина;
5) денот на склучувањето на договорот за друштвото, односно денот на потпишувањето на изјавата за основање на друштвото;
6) времетраењето на друштвото ако тоа е определено со договорот за друштвото или со изјавата за основање на друштвото;
7) името и презимето на управителот, на членовите на надзорниот одбор, односно на контролорот, ако друштвото има орган за надзор, ЕМБГ, занимањето, бројот на пасошот, односно бројот на личната карта за странско физичко лице или на друга исправа за утврдување на идентитетот-важечка во неговата земја и неговото државјанство, како и местото на живеење;
8) овластувањето за застапување на друштвото и
9) интернет страница ако друштвото има ваква страница.
Секоја промена на податоците , како и пристапувањето на содружник во друштвото, односно истапувањето на содружник од друштвото, се запишуваат во трговскиот регистар.
Прилози кои треба да се поднесат кон пријавата
1) договорот за друштвото, односно изјавата за основање на друштвото, со сите прилози вклучувајќи го и полномошното за полномошникот, заверени од нотар;
2) копија од пасош или од лична карта ако основач е физичко лице или од друга исправа за утврдување на идентитетот-важечка во неговата земја, односно доказ за регистрација ако основач е правно лице;
3) доказ од банка овластена за вршење платен промет дека секој основач уплатил најмалку една третина од паричниот влог;
4) доказ дека е уплатена најмалку половина од основната главнина, но не помалку од 2.500 ЕВРА во денарска противвредност;
5) ако се внесуваат непарични влогови-договорите со коишто тие се утврдуваат и спроведуваат, извештајот на проценувачот, освен кога во согласност со членот 177 од ЗТД, не се врши процена и доказ за сопственост во којшто е извршена прибелешка во јавна книга за евиденција на недвижни ствари, а ако се внесува подвижна ствар за којашто со закон е определена обврска за евиденција (регистар)-доказ за сопственост над подвижната ствар;
6) одлуката за избор на управител, ако не е назначен со договорот за друштвото, во којашто се наведуваат името и презимето, ЕМБГ, бројот на пасошот, односно бројот на личната карта за странско физичко лице или на друга исправа за утврдување на идентитетот-важечка во неговата земја и неговото државјанство, како и местото на живеење;
7) изјава на секој управител на друштвото дека го прифаќа изборот-заверена кај нотар, а ако со договорот за друштвото е определено дека друштво коешто има повеќе од еден управител ќе го застапува само еден од управителите, заедно или без прокурист, и изјава дека се прифаќа застапувањето на друштвото на начинот определен во договорот за друштвото;
8) одлуката за избор на членовите на надзорниот одбор, односно на контролорот, ако друштвото има орган на надзор, во којашто се наведени името и презимето, ЕМБГ, бројот на пасошот, односно бројот на личната карта за странско физичко лице или на друга исправа за утврдување на идентитетот-важечка во неговата земја и неговото државјанство, како и местото на живеење;
9) доказ за сопственост во којшто е извршена прибелешка во јавна книга за евиденција на недвижни ствари, а ако се внесува подвижна ствар за којашто со закон е определена обврска за евиденција (регистар)-доказ за сопственост над подвижната ствар;
10) дозвола или друг акт на државен орган или на друг надлежен орган ако таа обврска е определена со закон за упис на друштвото во трговскиот регистар;
11) изјава од застапникот по закон на правно лице, односно изјава од физичко лице, заверена кај нотар, односно приложување доказ дека не постои пречка за да биде основач на друштвото, во согласност со членот 29 ЗТД и
12) изјава, во согласност со членот 32 од ЗТД
Управителот, односно лицата кои според договорот за друштвото, се овластени за застапување приложуваат потписи заверени, приложени и дадени во согласност со членот 65, ставови (2) и (3) од ЗТД
Дел од обрасците кои ви се потребни во врска со Договорот на друштвото и Централен регистар може да ги превземете од нашиот сајт во делот ОБРАСЦИ
–ПРАВДИКО–