Правдико

   

Основен суд Битола: Оглас за избор на судии поротници

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Врз основа на член 42, 43 и 49 од Законот за судовите („Сл.в. на РМ“ број 58/06.62/06.35/08,150/1084/18 и 198/48 и Сл. весник на РСМ 96/19)

ОСНОВЕН СУД БИТОЛА
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на 20 судии-поротници

ОСНОВНИОТ СУД Битола на Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе му предложи 20 кандидати за избор на судии -поротници за време од 4 години.

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат условите од член 42 став 2 од Закон за судови („Слвесник на РМ“ број 8/06, 58/06 , 62/06, 35/08, 150/10, 83/48 и 96/19) и тоа :

За судија – поротник може да биде избран полнолетен државјанин на Република Северна Македонија, со завршено најмалку средно образование, активно да го владее македонскиот јазик, да ужива углед за
вршење на функцијата судија-поротники не е постар од 60 години.

За судење на малолетници се избира кандидат од редот на пица со искуство во воспитанието и образованието на младите.

За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во ИСТИОТ суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со
член на Судски совет на РМ е во сродство во права линија или во странична линија до трети степен или е негов брачен другар.

Заинтересираните кандидати кон пријавата да приложат, во оригинал или копии заверени на нотар:

– Уверение за државјанство на Република Северна Македонија:
– уверение за завршено образование
– Потврда од казнена евиденција и
– изјава (заверена на нотар) дека кандидатот со судија или судија-поротник во Основен суд Битола и со член на Судскиот совет на Република Северна Македонија не е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

Документите да се достават до Основен суд Битола, Бул. 1-ви мај бр.63 Битола во рок од 15 дена од објавувањето на огласот (03.09.2020).

Партнери на Правдико