Основен суд Скопје 1: Го повикавме началникот на УБК да се појави на сослушување | Правдико

Правдико

   

Основен суд Скопје 1: Го повикавме началникот на УБК да се појави на сослушување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основниот суд Скопје 1 денеска соопшти дека судија на претходна постапка не се согласил со барањето на Специјалното јавно обвинителство да достави барање за издавање на наредба за претрес во домот на осомничениот Г.Г. затоа што Судот треба да утврди дали СЈО има овластување дека случајот е поврзан со содржината на незаконското следење на комуникации.

osnoven-sud-skopje-1

„Од барањето за издавање на наредба за претрес во која се наведува дека наредбата се бара заради пронаоѓање траги на кривични дела и предмети, најпрво неопходно е да се утврди овластувањето на СЈО дека конкретните предмети кои треба да произлезат од претресот се поврзани со содржината на незаконското следење на комуникации. Од барањето за издавање на наредба во смисла на чл.194 ст.3 од ЗКП не се определени и не е даден прецизен опис на предметите чие што одземање се бара туку се користи општа терминологија на предмети кои можат да се пронајдат во сечиј дом, имајќи предвид дека согласно чл.189 ст.1 алинеа 5 од ЗКП наредбата за претрес треба да содржи опис на предмети што треба да се пронајдат при претресувањето“, се вели во соопштението на Судот.

Судот предметот му го доставил на понатамошно постапување на Кривичен совет при судот.

Од Судот велат дека судија на претходна постапка издал покана Г.Г да се јави во судот во текот на денешниот ден, а по барањето на СЈО за определување мерка притвор за истото лице, Судот дополнително ќе донесе одлука.

„Со оглед дека лицето за кое се однесува предлогот не беше обезбедено пред овој суд, судијата на претходна постапка согласно одредбите на ЗКП каде во Глава XVI се предвидени мерки за обезбедување присуство на лица и за непречено водење на кривичната постапка за наведеното лице, издаде покана да се јави веднаш во текот на денешниот ден во просториите на судот пред судијата на претходна постапка. Во врска со предлогот на обвинителството, судијата на претходна постапка по сослушување на лицето дополнително ќе донесе одлука за која јавноста ќе биде навремено информирана.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико