Основи на интелектуалната сопственост за мали и средни претпријатија | Правдико

Правдико

   

Основи на интелектуалната сопственост за мали и средни претпријатија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_3Дали знаете дека препознавањето и заштитата на правата од интелектуална сопственост е еден од основните елементи за зајакнување на конкурентноста на претпријатието и една од неговите најголеми вредности?
Основното познавање и информирање за правата од интелектуална сопственост може во голема мера да ви помогне да почнете постапка за заштита и ефикасно искористување на своите права.

Што е интелектуална сопственост?

Интелектуалната сопственост е насекаде околу нас. Со интелектуална сопственост се штитат креациите на човечкиот ум. Секој производ или секоја услуга во нашиот секојдневен живот е резултат на долг синџир на мали или на големи иновации, промени и подобрување на дизајнот и на функциите.
Ако земеме за пример еден MP3-уред, сигурно неговиот дизајн е заштитен со индустриски дизајн или неговите технички делови се заштитени со патент, а неговото име со трговска марка. Дури и песните што ги слушаме на него се најверојатно заштитени со авторски права.

Целото издание можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико