Oсновни техники на канцелариското и архивското работење и водење на е-деловодник
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.14 март 2016 година (понеделник),
10.00 до 16.00 часот
Со оглед на големиот интерес што постои во јавноста за Законот за архивски материјал и за подзаконските акти во доменот на канцелариското и архивското работење и со цел да одговориме на основните прашања коишто произлегуваат од овие акти како и најчесто поставуваните прашања во врска со водењето на електронска архива, Институтот за бизнис образование КОНЦЕПТ организира практична обука на тема: “Основни техники на канцелариското и архивското работење и водење на е-деловодник (електронска архива)“.
Содржина на обуката:
– Презентирање на законските и подзаконските акти за канцелариското и архивското работење;
– Дефинирање на основните поими во канцелариското и во архивското работење: архивски материјал, документарен материјал, документ/запис, конвенционален и неконвенционален архивски и документарен материјал, имател на архивски материјал и сл;
– Споредба помеѓу јавен и приватен архивски материјал: права и обврски на имателите на јавен и на имателите на приватен архивски и документарен материјал;
– Основни техники во канцелариското работење: како се води основната книга за евиденција – деловодник, како се водат помошните книги за евиденција, како се изработува План на архивски знаци, Листа на архивски материјал и Листа на документарен материјал со рокови за негово чување, електронско канцелариско работење (практична работа и практични примери);
– Основни техники на архивското работење: архивирање, средување и обработка на документите, одбирање на архивскиот од документарниот материјал, попис и опис на архивскиот материјал, заштита и чување на архивскиот материјал (практична работа и практични примери);
– Водење на електронска архива (е-деловодник);
1. Усогласенот помеѓу рачно водење на деловодник и е-деловодник (нивна паралела).
2. Водење на е-деловодник:Канцелариско работење;Движење на документите;Архивско работење.
3. Скенирање директно во Деловодникот; Распределување на документите по вработен; Дефинирање на сопствени независни категории и поткатегории; Дополнување на забелешки.
4. Образложение на најчесто поставуваните прашања поврзани со електронското водење на архивата (е-архива и е-деловодник).
За кого е наменета обуката:
За сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и унапредат техниките на канцелариското и архивското работење и да го усогласат своето работење со важечките законски прописи, како и да започнат со водење на електронска архива (водење на е-деловодник).
Повеќе информации на следниот ЛИНК