Основниот суд Скопје 1 има најмногу нерешени предмети во споредба со другите судови
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Најголема тенденција за зголемување на бројот на стари, нерешени предмети има Основниот суд Скопје 1 Скопје и Скопје 2 Скопје.
Во периодот на мониторинг од јануари до март 2018 година има зголемен број нерешени предмети од три до седум години за дополнителни 2620 предмети од кои најголем број се прекршочните предмети, односно 2443, информираше Ангела Шумкоска, соработник на Македонското здружение на млади правници, на денешната презентација на третиот извештај за реформи во судството.
Според извештајот, во споредба со претходната година Основниот суд Скопје 2 Скопје има зголемен број нерешени предмети од 3 до 7 години за дополнителни 766 предмети, а и двата судови имаат зголемен број предмети кои се однесуваат од 7 до 10 и над 10 години. Исто така споредбено со претходните мониторинг-извештаи од минатата година може да се увиди дека континуирано за постапки пред Управниот суд на РМ и Основен суд Скопје 2 Скопје има најголем број поднесени барања за судења и констатирана повреда од Врховниот суд.
„Од јануари до март за постапки пред Управниот суд се поднесени 48 барања за заштита на барање за судење во разумен рок, а утвредна е повреда во 19 постапки, додека, пак, за постапки пред Основен суд Скопје 2 Скопје поднесени се 29 барања, а утврдена е повреда во 4 постапки“, вели Шумкоска.
Виктор Јованов
Извор: Макфакс