Основното јавно обвинителство Гостивар го истражува убиството во с. Врапчиште
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Настанот се случил на 19.10.2015 година во вечерните часови кога осомничениот роден 1966 год од с.Врапчиште, Гостиварско, нанесувајќи и удар со секира во вратот ја убил својата сопруга родена 1971 година. Убиството го извршил во спалната соба од семејната куќа во с.Врапчиште. Според првичните информации, сторителот и жртвата подолго време биле во лоши брачни односи, од која заедница имаат две полнолетни деца.
По стореното, осомничениот самиот се пријавил во полициска станица Гостивар.
На местото на настанот извршен е увид од страна на јавен обвинител и крим.техника. Јавниот обвинител издаде Наредба за вршење обдукција. Истрагата продолжува во насока на расветлување на настанот.