Основното јавно обвинителство – Тетово ја расветлува експлозијата пред седиштето на ДУИ
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство -Тетово изврши увид на лице место по вчерашната експлозија пред седиштето на ДУИ во Тетово. Подигнати се материјални траги од местото и влакна од изгорениот фитил и истите се дадени на вештачење. Надлежниот обвинител го одзеде и ЦД од поставениот видео надзор, што ќе биде предмет на разгледување и анализа.
Во случената експлозија нема човечки жртви. Причинета е минимална материјална штета
Извор: Основно јавно обвинителство на РМ