Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведува истражна постапка по случувањата во Куманово
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во врска со настаните во Куманово, што се случија при спроведување на полициската акција, Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против определен број лица, за сторено кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста по чл. 313 од Казнениот законик.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по примената кривична пријава ги презема сите потребни истражни дејствија согласно закон.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција дополнително ќе ја извести јавноста за преземените дејствија, кои во интерес на истрагата, во моментов не може да ги сподели.