Правдико

   

Осомничениот за убиството на Мартин Јанушев сè уште е во бегство, судот му определи притвор

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судот му определи 30-дневен притвор на осомничениот Ф.С. за убиството на фудбалерот Мартин Јанушев, што се случи во ноември минатата година. Полицијата сè уште трага по осомничениот, кој инаку е осуденик кој користел викенд-отсуство од затворот во Шуто Оризари кога го извршил убиството.

„Лицето е осомничено дека на 3. 11. 2017 година со умисла го лишил од живот сега починатиот Мартин Јанушев. Имено, осомничениот, користејќи дозволено викенд-отсуство, ја напуштил КПУ Затвор Скопје – Скопје, каде што издржувал казна затвор во траење од 20 месеци, дошол пред зградата во која живеел Јанушев, се сретнал со него и испукал повеќе проектили од огнено оружје кон жртвата, нанесувајќи му пет огнострелни повреди – прострелни рани. Од здобиените повреди, Јанушев починал“, соопштија од Обвинителството.

По предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, судија му определи мерка притвор на осомничениот во траење од 30 дена, сметано од денот на негово пронаоѓање и апсење.

Кривичната пријава од страна на МВР за ова лице е поднесена на 17 ноември, 2017 година. По поднесената пријава, во текот на предистражната постапк, Обвинителството работеше на обезбедување материјални и вербални докази. Притоа, испитани се над 40 сведоци и обезбедени се голем број релевантни вештачења и анализи.

Министерството за внатрешни работи пред неколку месеци распиша домашна и меѓународна потерница по осомничениот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико