Осомничениот за убиството во Кичево се обидел да силува вработена во обложувачница | Правдико

Правдико

   

Осомничениот за убиството во Кичево се обидел да силува вработена во обложувачница

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Гостиварецот кој е осомничен за убиството во Кичево што се случи на 29 декември, два дена подоцна, на 31 декември, физички нападнал и се обидел да силува вработена во обложувачница во Струга, заедно со уште едно лице – албански државјанин.

СВР-Охрид соопшти дека поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела силување во обид и разбојништво во обид, полицијата до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Х.Ј. (47) од гостиварското село Ќафа и М.Р.(25) од Пеќин, Република Албанија.

„Казненото дело го извршиле на 31 декември минатата година околу 18 часот, во спортска обложувалница лоцирана на улицата Пролетерски бригади во Струга. Откако заминале сите присутни во обложувачницата, двајцата пријавени физички ја нападнале вработената К.М.(38) од Струга, а потоа и го барале клучот од касата“, соопштија од полицијата.

На пријавениот Х.Ј., на втори јануари оваа година, му беше одреден притвор во траење од 30 дена за убиство извршено на 29 декември минатата година во угостителски објект во Кичево.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико