Правдико

   

Осомничените во „Молња“ негираат дека биле логистика на кумановската група

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Осумтемина осомничени во случајот „Молња“ на денешната јавна седница за оцена на обвинителниот акт, која се одржа во Кривичниот суд во Скопје, се изјасниле дека не се чуствуваат виновни по наводите за кои ги товари Обвинителството, односно дека биле логистика на групата што ја нападна караулата Гошинце и учестуваше во настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година.

divo-naselje-sudenje2

Според обвинителот Наум Пановски, осомничените имале конретни задачи да обезбедат поддршка за кумановската група, да овозможат илегален премин на членови на групата од Косово во земјава, да најдат сместување во објекти и во куќи во Косово и во Македонија, како и да обезбедат храна, да соберат информации за движењето на полициските единици и да вршат надгледување на конкретни локации и објекти.

– Со ваквите дејства осомничените ги сториле кривичните дела терористичко организирање и тероризам и поради тоа барам од судот да го одобри обвинителниот акт – истакнал обвинителот Наум Пановски.

Осомничените Фазли Османи, Мусадик Пајазити, Рахми Љатифи, Сеабудин Абдулахи, Ејхам Арифи, Ибраим Муртезани, Ебиб Алија и Бесник Бајрами пред судот рекле дека не се чуствуваат виновни и негирале дека ги сториле кривичните дела наведени во обвинителниот акт.

Осомничениот Рахим Љатифи истакнал дека не се чуствува виновен и дополнил дека станува збор за политички монтиран процес.

Одбраната на осомничените побарала обвинителниот акт да биде отфрлен, а дел од адвокатите реагирале дека Обвинителството не зело предвид ниту еден доказ што не му оди во прилог на обвинението и понудиле своја листа на докази. Нив судот ги одбил, со образложение дека во оваа фаза од постапката одбраната нема право да предлага докази.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико