Осомничените за убиството на Немцов остануваат во притвор | Правдико

Правдико

   

Осомничените за убиството на Немцов остануваат во притвор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судот во Москва вчера донесе одлука да го продолжи притворот до 28 април на Бахајев, кој е осомничен за убиство на рускиот опозициски лидер Борис Немцов, а кој тврди дека не учествувал во убиството.

Khamzad Bakhaev

Бахајев негирал дека е учесник во убиството, но обвинителството оценило дека сведочењето на Дадајев, исто така осомничен , откриле нови факти според кои Бахајев  имал улога на помагач во убиството на опозициониот лидер.

“Не сум учествувал во убиството и знам ништо за тоа. Никогаш не сум сторил нешто спротивно на законот. Името Немцов прв пат го слушнав на 8ми март кога и сум уапсен” – изјави Бахајев пред истражниот судија, а неговиот адвокат тврдел декка Бахајев имал алиби, како и дека обвинителството не ги ги докажале фактите и доказите кои го теретат неговиот клиент.

Обвинителството верува дека Дадајев го умил Немцов на 27 февруари, а неговите помагачи во извршувањето на убиството се Бахајев, Губашев и Ескерхаров.

Извор:Tanjug.rs

Препорачуваме

Партнери на Правдико