Правдико

   

НДМ ја оспори уставноста на изборот на членови на ад хок телото за медиуми

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Политичката партија Народно движење за Македонија (НДМ) денеска до Уставниот суд поднела иницијатива за оценување на уставноста на изборот на членовите на ад хок телото за медиуми.

ustaven-sud-860x680

Злате Војновски, член на извршниот комитет на НДМ, денеска на прес-конференција соопшти дека партијата смета оти одредбата од Изборниот законик за избор на четири члена на ад хок телото за медиуми по партиска линија од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, не е во согласност со Уставот.

„Партискиот избор на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ на членови во ад хок телото за медиуми е повреда на уставната гаранција за еднаквост и за рамноправност на граѓаните. Граѓаните од својот џеб ќе плаќаат партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ бидејќи членовите во ад хок телото ќе добиваат од буџетот месечен хонорар од 80.000 денари. Тие пари се сопственост на сите граѓани. Државните институции, како што е ад хок телото за медиуми, исто така се целосна сопственост на граѓаните на Република Македонија. Меѓутоа, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја нарушија еднаквоста и рамноправноста на граѓаните со што се попречува остварувањето на демократскиот карактер на нашето општество во еден од суштинските аспекти – право на секој граѓанин да учествува во вршење јавна функција и достапноста на секое работно место под еднакви услови“, рече Војновски.

Од партијата, во поднесената иницијатива, се повикуваат на член 8, став 1, алинеа 3 од Уставот, каде е предвидено дека темелна вредност на уставниот поредок е владеење на правото, член 9 од Уставот, според кој е забранета дискримација по кој било основа, односно дека граѓаните пред Уставот и законите се еднакви, член 23, во кој стои дека секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавните функции, и на член 32, став 2 од Уставот, каде е предвидено дека секому, под еднакви услови му е достапно секое работно место.

Извор: Мета

Партнери на Правдико