Правдико

   

Остана уште една седница за предлог-законот за јазиците, отворени 89 амандмани

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Осумдесет и девет амандмани чекаат за расправа, а остана само уште една седница на Комисијата за европски прашања на која се разгледува предлог-законот за употреба на јазиците. Денешната седница заврши со бојкот од страна на БЕСА, половина час од почетокот, за време на расправата за првиот амандман.

Во врска со бојкотот, претседстелот на Комисијата за европски прашања и пратеник од редовите на ДУИ, Артан Груби изјави дека тој како претседател работел согласно деловникот, а пратениците на БЕСА морале да почекаат бидејќи имало реплики.

„Бојкотот настана поради елементарно непознавање. Мораше прво да поминат репликите, а потоа да се продолжи со дебатата. Нема услови за одвивање на седницата по нормален тек“, оцени Груби.

Последната седница за дебатата за јазиците е закажана за 25 декември. Со тоа, Груби рече дека и се дава можност на опозицијата да учествува и да даде глас за законот бидејќи се потписници на Рамковниот договор.

Претходно пратеникот од БЕСА Фадил Зендели обвини дека им било оневозможено да го обраложат амандманот, а Груби манипулирал со цел да не се остави простор за дебата. Истакна дела ќе го поддржат законот за јазиците, иако истиот не го нуди она што го барале Албанците – официјалзирање, а не само унапредување на албанскиот јазик.

На првиот ден од седницата на Комисијата за европски прашања беше усвоен дневниот ред за да се дебатира за 90 амандмани поднесени за законот, а потоа беше прекината поради отсуство на претставници од Владата. Со заокружување на третата седница на комисијата,предлог законот оди на пленарна седница.

К.Ландов

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико