Оставка на премиерот на Молдавија поради спорна диплома
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Молдавскиот премиер Кирил Габуричи вчера поднесе оставка, откако се покрена прашањето за автентичноста на неговото образованието и универзитетската диплома .
Габуричи (38) најави дека ќе поднесе оставка, бидејќи минатата ноќ, бил испрашуван од страна на обвинителите за прашања поврзани со неговото образование.
“Жалам што имаат прашања во врска со моите студии кои станаа инструмент на политичките игри. Јас не сум политичар, јас сум менаџер. На земјата и треба промена на политичкиот систем”, рече Габуричи, кој одби дополнителни коментари на обвиненијата, објавија новинските агенции.
Габуричи е познат бизнисмен, кој е на чело на проевропска влада, кој со поддршката на Комунистичката партија, стана премиер во февруари.