Оставката на директорот на затворот во Шутка ќе се разгледува по изборите
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Директорот на затворот „Скопје“, Ѓоко Котевски, иако поднесе оставка од функцијата, тој и понатаму ќе биде прв човек со сите права и обврски. За оставката, Владата ќе одлучи по претседателските избори.
Со оглед на тоа што оставката е поднесена во период откако се објавени претседателските избори, таа ќе се разгледува после завршување на изборите, штом заврши забраната за разрешување и именување согласно Изборниот законик.
„Оставката на Котевски ќе биде разгледувана и ќе биде одлучено дури по претседателските избори, бидејќи такви се законите во нашата земја. Котевски ќе биде директор на установата“, велат од Владата.
Котевски поднесе оставка по инцидентите во затворот во Шуто Оризари, кога беа нападнати поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.
Инцидентите се случија на 21 февруари за време на прошетката во затворот, која трае два часа во денот. Јанакиески и Ристовски во одделни инциденти првин почнале вербална расправија со осуденици за „Диво Насеље“, која потоа преминала во физичка пресметка.
Извор: Макфакс