Остојиќ: Хрватска ќе ги затвори границите за бегалци
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ изјави дека неговата земја ќе ги затвори границите за мигранти, ако Германија ги затвори нејзините.
Според него, Германија прима околу 6.500 лица на ден, што го прави протокот преку Балканот генерално мирен. На Балканот постои стравување дека Австрија и Словенија можат да го ограничат бегалскиот проток по терористичките напади во Париз на 13 ноември, што би блокирало десетици илјади луѓе во земјите од регионот.
Повеќето мигранти бараат само да преминат и да дојдат до Германија. Стравувањата за затворање на границите на ЕУ се зголемија, откако француските иследници утврдија дека еден од терористите во Париз преминал преку балканската маршрута на бегалци во октомври.
Извор: 24Вести