Остварување на правата преку бесплатна правна помош: Прирачник за лица со попреченост и нивните семејства
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Оваа брошура е подготвена во рамки на проектот „Правно зајакнување во заедницата во процесот на деинституционализација” кој Хелсиншкиот комитет за човекови права, со поддршка на УНИЦЕФ, започна да го спроведува во август 2019 година. Главната цел е да се обезбеди помош и поддршка на децата и лицата со попреченост и на нивните семејства во остварување на нивните основни човекови права од една страна, како и поддршка на лицата кои се одговорни за непосредно давање бесплатна правна помош, од друга.
Во оваа брошура ќе најдете одговори на некои од најчесто поставуваните прашања за остварување на правата кои се однесуваат на децата и лицата со попреченост и на нивните семејства. За сите прашања за кои нема да најдете одговори во оваа брошура, можете да се обратите директно во Хелсиншкиот комитет за човекови права. Контактите на релевантните организации и институции можете да ги најдете на крајот на оваа брошура.
Целото издание можете да го преземете ТУКА