Правдико

   

Осуденик од затворот во Струмица починал од струен удар при обид за кражба

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Триесетгодишен осуденик од затворот во Струмица починал од струен удар додека се обидувал да украде електрични кабли.

Според информациите на МВР, вчера околу 7 часот во Струмица, во кругот на поранешната фабрика „Треска“, К.П. (30), осуденик од затворот во Струмица, кој бил пуштен на домашно отсуство, во обид да земе електрични кабли кај трафостаницата добил струен удар и починал на самото место.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико