Осум дена притвор за шверц на мигранти | Правдико

Правдико

   

Осум дена притвор за шверц на мигранти

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Тројца жители на Валандовско фатени при обид да пренесеат 25 илегалци.

9E0AE59DEB09C94D8C5D8E2B2110F67B

Тројца жители на Валандовско се осомничени за шверцување мигранти, а на двајца им е одреден осумдневен притвор. Според полицијата, С.Н. (39) заедно со четири Сиријци бил затекнат во напуштен објект во месноста Стара Кафана, по што тој бил приведен, а странците префрлени во Прифатниот центар во Скопје. Д.М. (26) кривично се гони затоа што со товарно моторно возило фургон „пежо боксер“ со гевгелиски регистарски таблички, по претходен договор со лице од Пакистан, на патниот правец Марвинци – Балинци кај месноста Канал прифатил 20 сириски државјани, од кои четворица поседувале и грчки документи, со цел да ги превезе до наплатната рампа пред Куманово. За возврат, требало да добие по 130 евра по човек. Но, набргу по тргнувањето кај раскрсница Валандово – Дојран – Струмица од страна на полициски службеници со светлечка стоп палка му е дадено знак СТОП да застане.

„Д.М. не ја почитувал дадената наредба, ја зголемил брзината на возилото и се упатил во правец на село Раброво, и кај месноста Штали го запрел возилото и се дал во бегство со поголем дел од мигрантите. Набргу е фатен и приведен“, соопшти МВР.

Од полицијата информираат дека минатата недела кривична пријава за истото дело била поднесена и против С.К. (25) од валандовското село Казандол. Тој, управувајќи „југо“ со струмички регистарски таблички, се обидел од близината на валандовското село Јосифово до Скопје да превезе пет илегални мигранти, но бил фатен кај Демир Капија.

На Д.М. и С.К. им е одреден притвор.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико