Правдико

   

Осум дена притвор за возачот на камионот по тешката сообраќајка на скопската обиколница

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.
На возачот на камионот кој предизвика тешка сообраќајна несреќа во која загинаа две лица му е одреден притвор од 8 дена поради опасност од бегство. Тој е осомничен за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Сообраќајната несреќа се случила кога  осомничениот кој управувал со товарно моторно возило МАН, удрил во задниот лев дел на автомобил БМВ 535  кој бил запрен од страна на мобилна сообраќајна полициска екипа. Од силината на ударот, патничкото моторно возило БМВ се придвижило нанапред, удрило во паркираниот полициски автомобил Шкода Јети, а потоа и во металната одбојна ограда покрај патот.

Автомобилот се запалил и сопатникот во возилото починал на лице место.

Полициското возило исто така се придвижило нанапред и удрило во возачот на автомобилот БМВ кој бил излезен надвор од својот автомобил и двајцата полициски службеници.Почина и  еден од полицајците.

Според Јавен обвинител, возачот на камионот „не се движел по средината на сообраќајната лента и не ја приспособил брзината на условите на патот и на густината на сообраќајот“. Поради тоа не можел навремено да го запре камионот.

Извор: НоваТВ

Партнери на Правдико