Осум лица уапсени за нападот во ноќниот клуб во Истанбул | Правдико

Правдико

   

Осум лица уапсени за нападот во ноќниот клуб во Истанбул

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Турската полиција уапси осум лица во истрагата што ја води за терористичкиот напад во популарниот ноќен клуб во Истанбул за време на новогодишната ноќ.

napad

Агенцијата „Доган“ наведува дека уште не се познати повеќе детали за уапсените.

Ова се први апсења во врска со нападот во кој за време на новогодишната ноќ убиени 39 лица и ранети 69. Се уште интензивно се трага по напаѓачот.

Исламска држава ја презема одговорноста за нападот.

Речиси две третини од загинатите се странски државјани. До сега се идентификувани 38 од 39 жртви.

Неофицијално седум жртви се од Саудиска Арабија, по три од Либан и Ирак, по двајца од Тунис, Индија, Мароко и Јордан и по една жртва од Кувајт, Канада, Израел, Сирија и Русија.

Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека се верува дека две лица кои живеат во Германија, а една од нив со државјанство од таа земја се убиени во нападот.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико