Осум милиони евра од ЕУ за менаџирање со мигрантите на Западниот Балкан | Правдико

Правдико

   

Осум милиони евра од ЕУ за менаџирање со мигрантите на Западниот Балкан

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во врска со напливот на „илегални мигранти“ во Македонија од Блискиот Исток и Африка, Европската Комисија реагираше преку писмена реакција. Европската Комисија потсетува како може финансиски да и се помогне на Македонија во овој поглед.

– Европската комисија ја финализира својата програма за менаџирање на мигрантската криза за Западниот Балкан и Турција кој изнесува 8 милиони евра и ќе почне да се спроведува во септември 2015 година.

Програмата ќе се фокусира на три области: индетификација на мигрантите, споделување на интрарегионални и интеррегионални информации и на механизмите да за понудат решенија за враќање на мигрантите и истовремена примена на практична заштита на специфичните потреби на мигрантите.

Комисијата работи исто така со Фронтекс, Меѓународната организација за миграции и се координира со Високиот комесар за бегалци на Обединетите Нации. Комисијата размислува како да даде поддршка преку фондовите националните програми на ИПА која се фокусира на капацитетите на заинтересираните земји во областа на азилот, миграцијата и визната политика како и зајакнување на ранливите категории на мигранти и жртвите на шверцот со луѓе. ПЈРМ може да ги користи овие програми – изјавија од Европската Комисија за „Мета“.

Извор: META.mk

Препорачуваме

Партнери на Правдико