Осум невладини бараат механизами за контрола на полицијата и судот да објави колку барања за следење се одобрени | Правдико

Правдико

   

Осум невладини бараат механизами за контрола на полицијата и судот да објави колку барања за следење се одобрени

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Осум невладини организации изготвија предлози за контрола врз полиџијата и агенциите за безбедност и контраразузнавање и ги доставија до Владата и до ресорните институции. Предлозите предивидуваат да се вовпостави надворешен механизам за граѓанска контрола на полицијата по препораки на Советот на Европа. Во предлозите се предвидува и подобрување на внатрешниот механизам за контрола на полицијата, кој предвидува формирање работна група и донесување законски и подзаконски решенија.

Приоритети се и зголемената финансиска контрола на МВР, како и подобрување на интегритетот на полицијата. Невладините во предлозите предвидуваат и промена на Законот за електронските комуникации со цел да се одземат посредничката улога на УБК и директниот пристап до техничката опрема која дозволува отсликување на комуникацискиот сигнал. Во предлозите пишува и дека се бара зајакнување на парламентарната контрола на работата на Агенцијата за безбедност и контраразузнавање, да се воведат построги казни за вработените во операторите кои неовластено ќе пристапат или ќе овозможат пристап до мета-податоците или до содржината на комуникациите и да се отвори дебата за граѓански и експертски надзор.

Невладините во предлозите наведуваат дека ќе бараат да се воведе законско решение со кое судовите ќе имаат обврска да објавуваат колку барања добиле од државните органи за следење на комуникациите, колку такви барања се одбиени… Се  бара и воведување законска обврска операторите да објавуваат статистички податоци за бројот на добиени судски налози и за бројот на следени телефонски линии.

Предлозите се со рок од 3, 6, 9 и 12 месеци. Во составот на организациите влегуваат „Еуротинк“, Центарот за европски стратегии, Хелсиншкиот комитет и уште 6 други невладини организации.

В. Маглешов

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико