Осум судии изземени да го оценуваат обвинението за организаторите на упадот од 27 април | Правдико

Правдико

   

Осум судии изземени да го оценуваат обвинението за организаторите на упадот од 27 април

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Совет од судии за оценка на обвинителениот акт за организаторите на настаните од 27 април во Собранието на 4 ноември закажа седница за оценка на која веќе се повикани странките во постапката, соопшти попладнево судот.

„Беа закажани неколку седници за оценка, на кои одбраната, иако претходно го знаеше составот на советот и закажаните термини за седница, непосредно пред седниците бараше изземање на судиите бидејќи истите судии претходно постапувале во оценка на други обвинителни акти поврзани со конкрентиот кривично-правен настан. За овие барања се утврди дека се основани и тие беа уважени. Со оглед на тоа што со овие барања беа изземени 8 од деветте судии во одделението за организиран криминал и корупција, а со цел да се спречат сите понатамошни одолжувања на постапката предизвикани од странките во постапката, актот во согласност со АКМИС-системот беше распределен на оценка кај совет од судии од одделот за кривично полнолетни и за него беше известен Судскиот совет на РСМ“, соопшти судот.

Во предметот обвинети се Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Владимир Атанасовски како организатори на настаните. Груевски не е обвинет во овој предмет бидејќи е недостапен за Обвинителството по бегството во Унгарија.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико