Осум уапсени за воени злосторства во БиХ, се сомничат за убиство на 100 луѓе | Правдико

Правдико

   

Осум уапсени за воени злосторства во БиХ, се сомничат за убиство на 100 луѓе

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Осум лица се уапсени во Босна и Херцеговина за воени злосторства. Уапсените, поранешни припадници на армијата на босанските Срби, се осомничени дека во 1992 година убиле околу 100 Бошњаци на подрачјето на Невесиње на југот на БиХ, соопшти денеска босанското обвинителство.

„Злосторствата се однесуваат на убиство на околу 100 лица од бошњачка националност во местото Зијемље, меѓу кои десетици жени, постари лица, како и поголем број деца, меѓу кои и деца стари меѓу 15 дена и 2 години“, наведува обвинителството.

Според нив, во злосторството се убиени скоро целите семејства Плоскиќ, Шипковиќ, Аличиќ, Алибашиќ, Махиниќ, Брајевиќ, Чопељ и други жртви.

„Посмртните останки на 49 лица се пронајдени, додека за посмртните останки на 47 жртви се уште се трага“, стои во соопштението на обвинителството.

Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) претходно денеска соопшти дека осомничените се уапсени во акција на подрачјата на Бања Лука, Сараево, Невесиње, Гацко и Требиње.
Ова е четврта таква акција за апсење осомничени за воени злосторства во последните 15 дена.

На 30 декември беа уапсени девет луѓе, на 3 декември седум, а на 5 декември петмина луѓе осомничени за воени злосторства во војната во Босна и Херцеговина во 90-тите години од минатиот век.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико