Осум земји каде факултетот е бесплатен | Правдико

Правдико

   

Осум земји каде факултетот е бесплатен

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

OECD објави листа држави во кои високото образование е бесплатно. Во овие земји даночниот обврзник ја плаќа сметката за сите студенти кои сакаат факултетска диплома.

Земјите во оваа листа се главно во Европа и имаат култура “да се грижат едни за други”, пишува RT. Овие земји обично имаат повисоки стапки на данок на приход, но тоа е добро доколку сакате здравствената заштита и школувањето на колеџ да ви бидат платени.

Според извештајот на OECD, Данска е една од осумте земји со неколку бесплатни колеџи: „University of Copenhagen”, „Aurhus University”, „Technical University of Denmark”, „Aalbog University”, „Copenhagen Business School”, „University of Southern Denmark”.

Останатите земји со беслатни универзитетски системи се Естонија: „Tallinn University”, „Tallinn University of Technology”, „University of Tartu”.

Потоа следува Финска со 10 бесплатни универзитети меѓу кои се „University of Helsinki” и „Abo Academy University”. На листата е и Норвешка со пет вакви универзитети: „University of Oslo”, „University of Bergen”, „Western Norway University of Applied Sciences”, „University of Tromso”, „University of Stavanger”.

На листата на OECD се и Словачка, со пет бесплатни универзитети меѓу кои „University of Economics in Bratislava” е исто така на листата, потоа Словенија „University of Ljubljana”, Шведска „Lund University”, „Stockholm University”, “University of Gothenburg”, и Турција „Ankara University” , „Istanbul University”, „Istanbul Technical University”.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико