Осумчлена терористичка ќелија ги изврши нападите во Каталонија | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Осумчлена терористичка ќелија ги изврши нападите во Каталонија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Шпанските власти веруваат дека осумчлена терористичка ќелија е можниот извршител на вчерашните напади во Каталонија и дека групата планирала да употреби шишиња со пропан бутан, пренесоа британските медиуми повикувајќи се на извор од истрагата.

Претставникот на каталонската Влада, Жоаким Форн, за локалното радио изјави дека постои сомневање дека напаѓачите во вчерашните напади планирале да употребат шишиња со гас.

– Приоритет за властите сега е да ги идентификува луѓето вклучени во нападот и да утврдат какви се односите меѓу нив, објасни Форн.

Минибус вчера прегази луѓе на фреквентната пешачка улица „Ла Рамблас“ во Барселона. Во нападот загинаа 13 лица, а околу 100 лица се повредени. Силите за безбедност трагаат по возачот на минибусот.

Во друг напад во туристичкиот град Камбрилс полицијата ликвидира петмина напаѓачи, кои исто така нападнаа со автомобил.

Шпанското радио „Кадена сер“ јави дека властите трагаат по трет минибус, што можно да е поврзан со терористичките напади, пренесе ТАСС.

Податоците на каталонската Влада покажуваат дека пред вчерашните напади во Барселона и реонот, од почетокот на годината се уапсени 11 лица за кои постои сомневање дека се терористи.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико