Осуммина мигранти пронајдени во „ауди“ кај Гевгелија | Правдико

Правдико

   

Осуммина мигранти пронајдени во „ауди“ кај Гевгелија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Синоќа по полноќ на местото викано Мечкин Камен во Гевгелија, при контрола на автомобил „ауди А4“ со кичевски регистарски ознаки од страна на полициски службеници биле пронајдени осум странски државјани.

Според информациите од МВР, возилото било управувано од Б.А.(41) од село Србица, Кичевско, којшто бил заедно со А.Н.(39) од село Арангел, Кичевско, а странските државјани биле со потекло од Иран, од Ирак, од Пакистан и од Турција и немале документи за преминување на државната граница.

Како што пренесуваат од полицијата, лицата се приведени, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико