Осумнаесетгодишен скопјанец од две фирми украл предмети вредни 2 илјади евра | Правдико

Правдико

   

Осумнаесетгодишен скопјанец од две фирми украл предмети вредни 2 илјади евра

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицијата поднесе кривична пријава против 18-годишник од Скопје поради сомнение дека извршил две тешки кражби и четири обиди за кражби, при што противправно се стекнал со имотна корист од околу 120.000 денари (1.947 евра).

Како што информираат од МВР, меѓу 5 и 6 април годинава во просториите на две скопски фирми пријавениот извршил тешки кражби. Со употреба на сила тој влегол во двете простории и одзел компјутери и разновиден алат.

Исто така, разбојникот направил обид за кражба во магацин на уште една фирма, додека останатите три обиди за кражби ги сторил во две товарни возила и еден автомобил.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико