Освен во Штип, ДСЗИ испитува како починале уште пациенти во други клиники | Правдико

Правдико

   

Освен во Штип, ДСЗИ испитува како починале уште пациенти во други клиники

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) испитува како починале 12 пациенти болни од Ковид-19 во клиниките во земјата. Ова следи по инцидентот со 41-годишната почината пациентка заболена од Ковид-19 во штипската болница, а за која јавно проговори нејзината ќерка.

„Стручни надзори за пациенти починати од Ковид-19, за последните два месеца од страна на ДСЗИ до МЗ, по извршен инспекциски надзор и обезбедена документација, иницирани се четири надзори за пациент од Свети Николе, два од Струмица и од Ресен. Во тек се инспекциските надзори за починатите пациенти од Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка. Од страна на ДСЗИ, во наредниот период ќе бидат извршени за уште четири пациенти починати од Ковид-19.

Во текот на вчерашниот ден ДСЗИ изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница Штип во врска со починатата пациентка од Ковид-19, при што согласно констатираната фактичка состојба со решение нареди на директорот на здравствената установа веднаш да се состане Комисијата за следење на квалитет која ќе ја утврди фактичката состојба за спроведеното лекување на пациентката и околностите кои довеле до смртен исход.

„Директорот е задолжен во рок од три дена писмено да го извести ДСЗИ за наодот од извршената контрола на комисијата. Независно од работата на Комисијата, во текот на денешниот ден ДСЗИ ќе иницира стручен надзор над работата на здравствената установа и здравствените работници во врска со третманот на пациенката, до министерот за здравство“.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико