ОТА прислушувала 8 лица по наредба на СЈО | Правдико

Правдико

   

ОТА прислушувала 8 лица по наредба на СЈО

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Годишниот извештај за работата на новоформираната Оперативно-техничка агенција за 2018 година, објавен на веб-страницата на Собранието, покажа дека лани имало 153 случаи на следење комуникации во согласност со законските одредби.

За потребите на специјалното јавно обвинителство се изведени 8 прислушувања, а дополнителни 5 се следења за потребите на полицискиот оддел за борба со организиран и сериозен криминал.

За преостанатите 140 наредби од судот за следење нема податоци во годишниот извештај на Агенцијата.

ОТА почна да функционира од 1 ноември. Агенцијата ги спроведува судските наредби за прислушување, а содржината ја доставува до органот што барал следење.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико