Отфрлен свршеник го нападнал целото семјество на несудената невеста | Правдико

Правдико

   

Отфрлен свршеник го нападнал целото семјество на несудената невеста

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Лицето А.И. (26) од с. Корошита, Струга, кој бил поранешен свршеник на А.Ш. (26) од Шведска, лице со хендикеп на десната рака, откако ја раскинале свршувачката, со намера да ги врати облеката и златниот накит отишол во зградата во која престојувала таа со семејството и кога видел дека влезната врата од зградата била затворена, насилно ја отворил, влегол во станот и физички ги нападнал и А.Ш. и нејзинито семејство, и тоа сестра ѝ А.Ш. (18), татко ѝ Ф.Ш. (50) и мајка ѝ Н.Ш.

Како што соопшти МВР, во еден момент во станот пристигнал и братот на А.И., Љ.И. (31), и заедно повторно ги нападнале присутните, а во намерата биле спречени од страна на Ж.М. кој престојувал во истата зграда. Потоа насилството продолжило и пред самата зграда каде што сторителите со тупаници го нападнале семејството. Н.Ш. паднала во бесвест по што со возило на итната медицинска помош е пренесена во Медицинскиот центар во Струга, каде што ѝ е укажана лекарска помош и е задржана за понатамошно лекување, а Ф.Ш. добил телесни повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико