Отфрлена кривичната пријава против стечајниот управник и стечајната судијка на „Фени“ | Правдико

Правдико

   

Отфрлена кривичната пријава против стечајниот управник и стечајната судијка на „Фени“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство ја отфрли кривичната пријава поднесена од страна на „Транспаренси интернешнл“ против стечајниот управник на „Фени индустри“, Мирослав Анастасиевски, и стечајната судијка Валентина Ѓоргиевска. Во образложението на ОЈО стои дека нема основано сомневање оти тие ја злоупотребиле службената положба и овластувањето.

Обвинителството направило увид во предметот, а од судот прибавила документација, која покажала дека нема прекршување на законот.

„Од прибавената документација произлезе дека стечајниот управник, односно пријавениот Мирослав Анастасиевски, објавил оглас за прибирање писмени понуди за склучување договор за преработка на никелова руда врз основа на одлука донесена од одборот на доверители. Анастасиевски изготвил нацрт-верзија на договор за преработка, кој повторно бил разгледуван од одборот на доверители, па по прифаќањето на забелешките на членовите, одборот го задолжил стечајниот управник да склучи договор со единствениот понудувач „Глобал спешл опортјунитис лтд“.

„Транспаренси интернешнл – Македонија“ пред речиси една година поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената должност против стечајниот управник Мирослав Анастасиевски и стечајната судијка Валентина Ѓоргиевска поради нетранспарентност и други многубројни забележани неправилности кои ја карактеризираат стечајната постапка на „Фени индустри“ и укажуваат на оправдан сомнеж за коруптивно однесување.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико